Првиот секси календар во кој главна улога имаат XXL модели со облини (фото)
Најпознатиот XXL модел Робин Лавли ја предводи најновата, летна кампања и снимањето на првиот секси календар во кој главна улога имаат моделите со облини.
Swimsuits For All кампањата е снимана во Кипар, а нејзина единствена цел е да ги открие различните големини и облици на женското тело.
Токму затоа, по малку иронично ја преработија насловната страна на еден од најпознатите магазини „Sports Illustrated“ и ги поделија мислењата на јавноста и модната индустрија.
Четирите модели со облини имаат различни животни приказни и пат до славата која денес ја уживаат, но една единствена цел - прифаќањето на несовршеното тело.
Ова се првите фотографии од снимањето на календарот кој се очекува кон крајот на оваа година: