Без грешка: Бои кои добро им стојат на сите жени
Сите имаат свои омилени бои кои постојано ги ставаат во комбинација, но не знаат дека тие се универзални бои. Се комбинираат на различни начини, но има некои кои се универзални и им стојат на сите.
Ако се двоумите и не сте сигурни која боја најдобро ви стои на вашиот тен или боја на коса, а не сакате да експериментирате дознајте ги боите кои ви одговараат на сите.
Црна
Црната боја е стара, добра класика и добро ѝ стои баш на секоја жена, а притоа одлично се комбинира и со секоја друга боја. Затоа е и најзастапена во женската гардероба. Црната облека ви дава нота на елеганција и префинетост, а притоа успешно го сокрива вишокот килограми.
Темносина
Темносината испраќа порака на удобност, сигурност и одговорност. Одлично им стои на сите жени, а најдобро се комбинира со бела, боја на слонова коска и боја на кожа.
Сива
Наспроти тоа што сивата можеби ве делува како досадна боја, сепак одлично им одговара на сите девојки, а одлично се комбинира и со сите други бои. Нејзината неутралност е она што ѝ дава посебна магија, а ако ја вклопите во комбинација со некоја силна боја, како жолта, розева или црвена, сигурно нема да ви изгледа досадно.
Виолетова
Виолетовата е исто така една од ретките бои кои добро им стојат на сите дами, без оглед на бојата на коса или тенот. Остава впечаток на раскош и самоувереност. Оваа сезона посебно се во тренд нежните виолетови нијанси.