Кој беше најдобро, а кој најлошо облечен на Billboard музичките награди 2014? (фото)
На црвениот тепих на Billboard музичките награди 2014 во Лас Вегас се појавија огромен број на музички имиња и ѕвезди кои ги прошетаа своите најнови модни избори.
Женската мода беше разновидна и вбројуваше повеќе модели на црни фустани, бели креации со пресечени маички, но и неколку гламурозни фустани во впечатливи бои.
Момците се појавија во полежерна варијанта и овој пат ги изоставија црните смокинзи, на големо задоволство на модното жири.
Без преголеми грешки и впечатливи модни утки, Billboard музичките награди 2014 беа одлична модна инспирација.
Разгледајте ги изгледите на најголемите музички ѕвезди и одберете ги најдобро и најлошо облечените: