Невестинската приказна на Лобутин низ 12 пара високи потпетици
Најновата, невестинска колекција чевли со потпис на Кристијан Лобутин е сон на секоја жена која оваа сезона ќе ја овековечи љубовта.
Во пролетната колекција невестински високи потпетици се најдоа 12 модели, од класични бели салонки, преку свилени чевли со отворени прсти, па сè до тренди сандали прекриени со светки.
Висината на потпетицата варира од 7 до 16 сантиметри, а што се однесува до боите и материјалите, нема големи изненадувања - водечки тренд останува белата боја и кожата надополнета со тантела и монисти.
Во зависност од тоа дали сте невеста која ја сака класиката, елеганцијата или моменталните трендови, одберете го вашиот фаворит: