Девојки, чувствувајте се удобно во високи потпетици

Сигурно вашиот гардеробер е преполн со високи потпетици, но јасно е дека не сите од нив ги носите секојдневно и тоа поради една едноставна причина- удобноста. Високите потпеци се често неудобни и предизвикуваат болки во нозете.

devojki-cuvstvuvajte-se-udobno-vo-visoki-potpetici-01

Време е да заборавите на неудобноста и почнете да уживате носејќи високи потпетици:

Одбирајте соодветно

Доколку барем малку ве стегаат при пробата, најдобро е воопшто да не ги купите. Уште пред да попушти материјалот вие веќе ќе имате рани. Па, затоа одберете соодветен пар и заборавете на оние прекрасни еден број помали високи потпетици, веројатно ќе ги облечете еднаш и никогаш повторно.

Загрејте се

Исто како пред да правите некоја спортска активност, загрејте ги вашите прсти на нозете пред носењето високи потпетици. Правете вежби со тоа што ќе се поткревате и спуштате на прсти неколку пати.

5 минути пауза

Секогаш пронајдете начин да одморите од високите потпетици. Соблечете ги барем на 5 минути и ќе можете подолго да издржите.

Превентива од лизгање

Особено движењето по плочки може да заврши катастрофално. За да не се излизгате, секогаш можете да го изгребете малку долниот надворешен дел од вашите високи потпетици и тоа ќе ги направи рапави.

Избегнувајте шпиц

Чевлите кои завршуваат со шпиц изгледаат секси, но пожелно е да ги избегнувате. Особено ако имате широки стапала нема да издржите долго во нив.

Иако високите потпетици се задолжителен дел од гардеробата на секоја жена, покрај убавиот изглед тие може да создадат и голема главоболка доколку се неудобни. Секоја жена досега ја искусила неудобноста на високи потпетици.

Би можело да ве интересира:

Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
Удобни летни парчиња што ги има во гардероберот на секоја Скандинавка (и се секогаш тренди) Балетанки, лелеави здолништа и широки кошули – која друга летна гардероба е удоб...
8 модели на сандали и влечки кои ќе бидат тренд ова лето Плетени, сандали со високи полни потпетици, влечки со златни и сребрени детали.....
Бои на облека со кои никогаш нема да погрешите, дури и кога не се во мода Без разлика на буџетот кој ќе го одвоите за купување гардероба, боите кои ги изб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg