Во гардероберот на руски Викторијас Сикрет модел (фото)
Моделите на Викторијас Сикрет, помеѓу кои се Миранда Кер, Алесандра Амбросио и Адријана Лима, важат за едни од најдобро облечените жени во светот.
Токму затоа, денес имате можност да ја погледнете модната магија на Anne V.
Таа е познат руски модел кој на пистата на Викторијас Сикрет последен пат се појави во 2011 година, по што неколку пати се појави во модни едиторијали и списанија.
Како еден од најдобрите руски модели, Anne V. ги отвори вратите на својот гардеробер, каде ќе пронајдете огромен број високи потпетици, чанти и аксесоари.
Како и секој женски гардеробер, така и нејзиниот, е конфузен микс од стилови, боди и дезени кој освојува.