Елена Ристеска е новото, пролетно заштитно лице на Fashion&Friends (фото)

Пролет/лето 2014 е сезона на новитети за мултибренд концептот Fashion&Friends. Она што ќе ја одбележи оваа сезона е започнувањето на партнерство со Елена Ристеска, која долги години е верен пријател на Fashion Group, а од сезонава е и официјален партнер на Fashion&Friends.

elena-risteska-e-novoto-proletno-zastitno-lice-na-fashion-and-friends-foto-01

Атрактивните брендови како Guess, Guess by Marciano, Replay, Maison Scotch, Desigual и Gaudi, одлично прилегаат на версатилниот, но секогаш впечатлив имиџ на Елена, без разлика дали се работи за настап или приватно.

Во рамките на соработката помеѓу Елена и Fashion&Friends предвидени се повеќе заеднички проекти меѓу кои е и интересната фотосесија со избор од колекциите за пролет/лето 2014, потпишана од Дарко Мораитов.

Елена е претставена во неколку различни изгледи во фотосесијата, почнувајќи од спортски и лежерни парчиња, преку разиграни, разнобојни комбинации, па сè до црно-бела елеганција. Во секој од нив таа изгледа во свој стил -  заводливо и гламурозно.

elena-risteska-e-novoto-proletno-zastitno-lice-na-fashion-and-friends-foto-02

elena-risteska-e-novoto-proletno-zastitno-lice-na-fashion-and-friends-foto-03

elena-risteska-e-novoto-proletno-zastitno-lice-na-fashion-and-friends-foto-04

elena-risteska-e-novoto-proletno-zastitno-lice-na-fashion-and-friends-foto-05

Мултибренд концептот Fashion&Friends постои од октомври 2012 година, а од оваа сезона импресивната листа на брендови е дополнета со Diesel, Hugo Boss Orange и италијанскиот бренд за чевли Roberto Boticelli.

Би можело да ве интересира:

Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
Тренд кој ги освои и Македонките - Златни обетки во стилот на '80-тите Цветови, солзи, кругови - оваа сезона во фокус се големите златни обетки во стил...
Папучите на Hermes се вистински летeн хит – каде може да купите поевтини копии? Не мора да дадете 800 евра за да ги носите најмодерните папучи за ова лето... Ко...
9 модни детали кои додаваат години и поради кои изгледате постаро отколку што сте Здолништа до под колено, обувки со дебели потпетици, брошови - кои се најголемит...
Елена Најдоски одржа модна лекција: Како да ја комбинирате белата боја и во зима? Бел фустан искомбиниран со црна панделка, бел костум и бела блуза со крем капут....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg