Едноставни трикови за парфемот да ви трае подолго
Сите сакаме да бидеме препознатливи по парфемот кој го користиме и каде и да поминуваме да оставаме мирисна трага.
Но, никој не би сакал тоа да се случува само во првите 10 минути од нанесувањето и додека излеземе од дома.
Едно од решенијата е да се нурнете во омилениот парфем, но тоа не е најдобро од сите. Сепак, мирисот е најпријатен во мали количини.
Секогаш постои можност дека исчезнувањето на мирисот е резултат на лошиот квалитет, но во останатите случаи еве неколку мали трикови:
- Задолжително нанесете парфем по туширањето.
- Може да нанесете мала количина безмирисно масло на клучните точки пред нанесувањето на парфемот.
- Истиот ефект може да го постигнете со нанесување вазелин, а потоа да напрскате парфем.
2 необични и нетрадиционални совети:
1. Напрскајте малку парфем на штотуку измиена коса која подолго ќе го задржи мирисот.
2. Ставете мала количина парфем на делот од облеката која почесто ја носите, а не бара постојано перење (мантил, елек, јакна, марама).