Ефикасен и природен метод против стрии
Стриите на телото се бледи лузни кои се јавуваат на кожата за време на хормоналните промени во организмот.
Најчесто за време на бременоста, доењето, брзото зголемување или намалување на тежината.
Стриите на телото се почести кај жените со помалку еластични влакна во кожата и оние кои се имаат наследен фактор.
Секоја жена сака да се ослободи од стриите на различни начини. Од употреба на скапи креми за стрии па сè до отстранување со помош на хирушки зафати.
Но, со помош на некои природни методи секоја жена може да се ослободи од стриите или значително да ги намали.
Пилинг против стрии
Потребно е:
- 250g сол
- 250g шеќер
- 100ml палмино масло
Сите состојки измешајте ги и за време на вечерното туширање нанесете ги на деловите од кожата и убаво растријте ги. По оваа постапка на телото нанесете хидратантна крема или лосион.
Дури после еден месец од секојдневната ваква постапка ќе забележите дека стриите стануваат помалку видливи. Во ниеден случај не смеете да ја занемарите оваа постапка по првите резултати.
Запомнете дека стриите на телото се сериозни оштетувања кои бараат доста време за нивното откривање.
Не е возможно да се ослободите од стриите наеднаш. Ќе ви бидат потребни месеци со упорна работа на себе, но првите резултати ќе ги видите само за неколку недели.
Не се откажувајте, бидејќи главната тајна на успехот за борбата против стриите е редовност и постојаност.
Ако сте покрупни, правете и физички вежби и исфрлете ја масната, зачинета и солена храна од употреба.
Ова е многу важно, бидејќи ако не се придржувате до правилната исхрана и не сте физички активни, само со пилингот нема да ги отстраните стриите.