Ти си поубава, затоа што си единствена и вистинска

Колку девојки посакувате да бидете згодни и убави како моделите на насловните страници од „Вог“?

ti-si-poubava-zatoa-sto-si-edinstvena-i-vistinska-01

Не сте ни свесни дека вие сте многу поубави од нив. Да, точно така.

Прво затоа што сте вистински, за разлика од лажните фотографии. Девојките од магазините не постојат. Дури и самите модели кои позираат не изгледаат така во реалноста.

На сите популарни фотографии кои се изработувани од професионални продукции употребени се толку многу компјутерски алатки само за да се добие некој замислен модел за совршено убава, секси и згодна девојка која не можат да ја најдат во реалноста.

Ти си поубава затоа што можеш да се соочиш со своето тело, да ги прифатиш недостатоците и да знаеш да се носиш со тоа.

Ти си поубава затоа што можеш да размислуваш и да сфатиш дека си создадена онака како што треба да изгледаш. Сите неправилности се точно онака наместени за ти да бидеш една и единствена, различна од сите.

Ти си поубава затоа што знаеш дека моделите се сосем обични девојки како тебе кои само имаат огромна продукција зад нив за да изгледаат така. Знаеш дека може да бидеш и поубава од нив ако истата таа продукција е зад тебе.

Ти си поубава затоа што можеш да одбереш што ќе облечеш и како ќе се нашминкаш за да го истакнеш најдоброто од себе.

На крај, ти си поубава затоа што не ти требаат модели да те менуваат и претвораат во нешто што не си. Ти си поубава затоа што си една, единствена, посебна и убава на свој уникатен начин.

Ако сè уште не верувате дека моделите од насловните страници се далеку од совршени, ова се уште неколку докази:

Би можело да ве интересира:

Следењето модни трендови е вистински предизвик (низ 14 реални илустрации) Модата се движи во циклуси, па работите кои беа модерни во времето на нашите дед...
Како стојат истите модни комбинации на слаба и на девојка со облини? (фото) Целта на пријателките Денис и Марија е да покажат дека некои комбинации изгледаа...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...
Омилените модни парчиња на Италијанките за топлите летни денови Долги лелеави фустани и облека од лен – што носат Италијанките во лето за да им ...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg