Најдобро облечените жени за време на модната недела во Њујорк (2 дел)
Њујоршката модна недела го достигна врвот на посетеност на ревиите на Викторија Бекам и Александар Ванг, кои се наметнаа како најочекуваното модно шоу во првиот дел од распоредот.
Улиците на градот ги заземаа модните уредници, стилисти, блогерки и сите дами кои живеат за овие модни случувања.
Со оглед на ниските температури на нозете на бројните трендесерки се појавија пролетни сандали во комбинација со предимензионирани палта.
Втор тренд кој е постојано присутен се чизмите над коленици - сексапилен и елегантен моден додаток кој на улиците на Њујорк го прошета и Мирослава Дума.
Какви други трендови предвидуваат модните имиња од улиците на Њујорк, погледнете во продолжение. A, ако го пропуштивте првиот моден колаж, можете да го прегледате тука.