Тетовирани девојки – привлечни или не?

Во минатото тетовирањето било дел од некои племенски ритуали. Подоцна, најпрво мажите почнале да тетовираат симболи и датуми кои им значат, најчесто оние кои биле во воена служба.

tetovirani-devojki-privlecni-ili-ne-01

Од поблиското минато повторно, најпрво мажите почнаа сè повеќе да тетовираат најразлични тетоважи со комбинирани симболи, слики, ликови, зборови во боја или црно-бели.

Како што почнуваше тоа да станува тренд така почна да станува сè попопуларно и интересно и за девојките.

Почнаа со скриени мали тетоважи и симболи со некое знакче или букви, а како се ширеше трендот, така стануваа сè поголеми и повидливи и женските тетоважи.

tetovirani-devojki-privlecni-ili-ne-1

Најчесто на зглобовите од рацете и нозете, долниот дел на грбот, рамото и вратот.

Некои девојки се многу похрабри, па ја тетовираат целата рака, дел од стомакот или грбот.

Сето тоа стана голем тренд кој некои го прават само за да бидат дел од модата, но некои го прават затоа што навистина сакаат да забележат некои значајни работи во нивниот живот кои ќе ги обележат на својата кожа.

tetovirani-devojki-privlecni-ili-ne-2

Некои ќе ги потсетуваат на нешто што поминало или ќе им бидат како потсетник и мотивација за во иднината.

Секој има право да одлучува за своето тело, без да биде осудуван од околината.

Но, мора да признаеме дека предрасудите сè уште постојат. Некои мажи не би можеле да прифатат тетовирана девојка, други пак токму таквата девојка им е најголем предизвик и ја сметаат за храбра.

Какво е вашето мислење? Тетовирани девојки – привлечни или не?

tetovirani-devojki-privlecni-ili-ne-3

Би можело да ве интересира:

Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
8 тренди парчиња кои нашите баби ги обожавале, а сега се враќаат во мода Плетени елеци со макраме техника, цветни марами, ролки комбинирани со тиролки......
8 модели на сандали и влечки кои ќе бидат тренд ова лето Плетени, сандали со високи полни потпетици, влечки со златни и сребрени детали.....
Вертикални пруги – моден тренд што ќе доминира ова лето (фото) Широки, тесни, со разни бои, се чини дека пругите стануваат најголемиот пролетен...
Зошто славните дами шетаат само по долна облека (и прават тренд од тоа)? Бела Хадид јаде парче пица додека шета по гаќи, Кајли Џенер прошета со долна обл...
5 типа обувки кои ќе бидат во тренд до крајот на зимата Од спортски патики со голема платформа, до тренди чизми - Какви обувки ќе бидат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg