Разгледајте ја првата колекција високи потпетици со потпис на Сара Џесика Паркер

Сара Џесика Паркер конечно го откри изненадувањето за сите модерни пепелашки кои се опседнати со совршеноста на високите потпетици.

razgledajte-ja-prvata-kolekcija-visoki-potpetici-so-potpis-na-sara-jesica-parker-01

Познатата актерка и трендсетерка, која се проби пред повеќе од 2 децении со нејзиниот лик на Кери во Сексот и градот, сега стана модна дизајнерка.

Новата колекција чевли ја промовираше во О магазинот со извонредни фотографии. Во разговорот за овој магазин јасно нагласи дека нејзината линија високи потпетици се женствени, но и удобни.

„Тие две карактеристики задолжително одат заедно“, вели Сара.

Пастелната игра од бои вклучува неколку десетици различни модели и дезени, на кои ниту една модерна и софистицирана жена нема да одолее.

Цената на чевлите ќе се движи од 195 до 485 долари, а колекцијата промотивно ќе биде пуштена во продажба на 28 февруари.

До тогаш, уживајте во до сега најубавата модна авантура на Сара Џесика Паркер:

Би можело да ве интересира:

Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
4-годишно момче од Скопје е модна инспирација на Инстаграм „Инстаграм профилот на Алексеј е креиран од неговото раѓање, а како растеше сам ...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Антониа Гиговска - мрежест комбинезон, Каролина подискретно: Како познатите Македонки ја носат црвен... Од црвената бунда и комбинезонот на Антониа Гиговска до црвениот коктел фустан н...
4-годишно девојче од Прилеп е модна инспирација на Инстаграм (фото) Забавни аутфити и талент за позирање, запознајте ја малата Марија од Прилеп, кој...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg