BB, CC, DD и ЕЕ: Што значат овие ознаки на кремите за лице?
Палетата на креми никогаш не била поголема, па токму затоа денес воопшто не е лесно да го изберете правилниот препарат за покривање на неправилностите на вашето лице.
Течната пудра некогаш беше основа за сè, а денес може да одбирате помеѓу креми кои го имаат истиот ефект, само се посоодветни за вашиот тип на кожа.
Затоа следен пат кога ќе шетате низ маркетот, парфимеријата или аптеката од каде редовно ја купувате вашата крема, потсетете се на овие насоки кои ќе ви го олеснат изборот.
BB креми
Beauty Balms кремите се со полесна текстура од пудрата, но се многу посилни од тонираните креми. Ви го олеснуваат прекривањето на несовршености, а воедно ви овозможува целодневна хидратација. Одбирајте BB креми кои се малку посветли од вашиот природен тен - така никогаш нема да погрешите.
CC креми
Color Correcting кремите се наменети за изедначување на тенот и ги камуфлираат сите промени на тенот, како што се подочниците или црвенилата. Многумина тврдат дека разликата помеѓу BB и CC кремите е минимална, но сепак изборот е ваш.
DD креми
Dynamic do all кремите првобитно биле наменети за целосна нега на телото, така што тие се наменети за целосно прекривање на акните, црвенилата и нерамномерниот тен. Флеките и жолтеникавиот тен се исто така уште еден предизвик кој брзо ќе биде решен со нивна употреба.
EE креми
Extra Exfoliating кремите се последниот изум во низата абецедни креми. Содржи скапи електронски честички за нега на кожата. EE кремите обезбедуваат совршен пилинг, а на пазарот би требало да се појават на почетокот на мај.