H&M ги налути девојките: Ова е долго очекуваната XXL колекција?
Моделите со облини се почесто се тема на разговор во модниот свет и колекциите во нивна чест започнаа да се дизајнираат преку ноќ. Сепак, брендот H&M имаше неуспешна модна мисија.
Шведскиот моден бренд H&M беше мета на милионски критики откако го објави новиот каталог.
Бесот беше главно предизвикан од еден од моделите кои беа одбрани за промовирање на XXL колекцијата. На многу жени не им беше јасно зошто слаби девојки ја рекламираат оваа линија, а уште почудно е што им прилега совршено.
Малите броеви и тесни кроеви не би требало да се составен дел од овој каталог, ниту пак девојката со совршени пропорции.
„По ова, не е ни чудо што има се повеќе девојки кои боледуваат од анорексија,“ беше коментарот кој ја започна оваа јавна расправа.