Чудо или измама: Во живо збрчкана, а на реклама затегната
L'Oreal е обвинет за голема „фотошоп измама“ во рекламата во која се појавува Дајан Китон. Имено, Дајан е прикажана на доделувањата на Златни глобуси во живо, непосредно пред рекламата, а разликата била огромна.
Иако Дајан изгледаше одлично на доделувањето на наградите, на нејзиното лице јасно се виде дека има 68 години. Во рекламата на L'Oreal наменета за кожата на лицето таа е потполно затегната.
Гледачите веднаш реагираа на Твитер критирајќи ја рекламата на L'Oreal, а еден од коментарите гласи:
- Вау L'Oreal! Одличен тајминг! Претпоставувам дека Дајан Китон престанала да го користи вашиот производ.
Рекламата во која таа се појавува направена е за промоција на L'Oreal маслото „Age Perfect Glow Renewal“. Но, кога ќе се спореди Дајан Китон од доделувањето на наградите и рекламата, разликата е очигледна.
Осветлувањето во рекламата е направено со намера да се закамуфлираат борите на лицето на Дајан, кои се сепак нормални за нејзините години.
Познатата глумица соработува со L'Oreal од 2006 година и од тогаш се има појавено во многу нивни реклами против стареење.