Машки модни предлози за месец јануари (фото)
Во периодот кога ниските температури и тмурните денови стануваат секојдневие, се поголема е потребата од топол џемпер кој ќе ви го подигне расположението и високи, кожни чизми кои ќе го надополнат зимскиот изглед.
Баш како и кај девојките, така и кај мажите постојат само 5 клучни парчиња облека за идеален топол изглед.
Започнете од омилените фармерки, па одберете го најтоплиот џемпер, високите чизми или кондури кои совршено ви прилегаат, како и палтото кое веќе долго време е вашето омилено парче гардероба.
Целата комбинација надополнете ја со шал со дебела плетка, кој за само неколку минути ќе ве претвори во машка модна икона.
Ако сè уште ви е потребна фото-инспирација, подготвивме неколку изгледи кои ќе ве охрабрат да излезете од шаблонот оваа зима.
Разгледајте и одберете го својот омилен: