Прирачник за мажи: Како да го одберете идеалното палто? (фото)
Пред секое излегување се прашувате кое палто треба да го облечете? Дали дебелата јакна ќе ви прилега со елегантните кондури? Дали црното палто можете да го носите со фармерки и патики?
Изборот е многу поедноставен отколку што мислевте и зависи од само 2 едноставни прашања:
1. Колку е студено надвор?
2. За каква пригода сте облечени?
Ако ги знаете одговорите на овие прашања, тогаш многу лесно ќе откриете што треба да одберете.
Преку само една фотографија, ви помагаме секогаш да изгледате уредно и соодветно.
Помош: Палтата се хоризонтално подредени по нивната топлина која ја обезбедуваат, додека вертикално се подредени според нивото на лежерност или формалност.