Нов тренд во шминкањето: „Пин ап“ (видео)
Заводнички очи, чист и светол тен и нагласени усни се основните карактеристики за овој гламурозен „пин ап“ стил на шминкање.
Шминкањето во „пин ап“ стил, во минатиот среден век во Холивуд асоцирало на гламурозен живот. Иако лицето е софистицирано и гламурозно овој стил не е резервиран само за вечерни и свечени прилики. Може да биде ваш избор и преку ден.
За „пин ап“ шминкањето многу е важна подлогата. Под очите и на врвот на јаболчниците нанесете коректор кој е посветол од пудрата и дополнително сјајна пудра која ќе ги истакне овие делови. Коректор нанесете и на подочниците. За свеж поглед на работ на долните трепки нанесете бело моливче со седеф и нежно размачкајте со малото прсте.
Лицето освежете го со течна пудра во ист тон со вашиот тен, а преку неа нанесете соодветна камена пудра. На јаболчниците нанесете малку црвено руменило.
На очните капаци прво ставете подлога за сенка. Со туш за очи или моливче извлечете линија по работ на горните трепки.
Потоа по должина на горниот капак ставете малку мат бела сенка, а кафена сенка нанесете на аголот каде се спојуваат долниот и горниот раб на окото.
Маскарата нанесете ја во 2 до 3 слоеви. За повпечатлив поглед може да ставите и вештачки трепки.
Со моливче за усни прво исцртајте ги усните, а на крајот нанесете црвен или розев кармин кој може да бидат во потемна нијанса.
Погледнете го и видео туторијалот