Како да нанесете пудра без ниту една грешка?

Добрата подлога може да направи чуда кога е во прашање вашиот изглед. Успешно може да ги сокрие сите проблеми и недостатоци на кожата, но само ако правилно ја нанесете.

kako-da-nanesete-pudra-bez-nitu-edna-greska-01

За да ги избегнете видливите црти од лошо нанесената пудра, неизедначените тонови на кожата, како и неправилностите при покривањето на подочниците, следете ги овие основни правила.

Започнете така што пред нанесувањето на пудра лицето секогаш ќе ви биде чисто и хидрирано.

Течна пудра

Користете ги прстите и нанесете по една точка пудра на челото, образите и брадата. Размачкајте така што секогаш ќе користите движења спрема надолу, никогаш во обратен правец. Ако имате масна кожа, користете голема четка за таа намена.

kako-da-nanesete-pudra-bez-nitu-edna-greska-02

Пудра во крема

Богатите формули на овие пудри се одлични за сува кожа. Идеално ги прекриваат сите недостатоци на кожата. Најдобро е да ги нанесувате со влажно сунѓерче, со мали кружни движења.

Пудра во прав

Користете голема четка за нанесување на која ќе ставите малку поголемо количество пудра. Пред нанесувањето на лицето нежно дувнете во четката за да го отстраните вишокот. Пото, во висина на ушите, нанесувајте ја пудрата во прав со кружни движења. Така кожата ќе ви изгледа поприродно и посвежо. Пудрата нанесете ја прво на челото, на носот, брадата, па завршете со вилицата.

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Удобни летни парчиња што ги има во гардероберот на секоја Скандинавка (и се секогаш тренди) Балетанки, лелеави здолништа и широки кошули – која друга летна гардероба е удоб...
Бои на облека со кои никогаш нема да погрешите, дури и кога не се во мода Без разлика на буџетот кој ќе го одвоите за купување гардероба, боите кои ги изб...
Како да го изберете совршениот костим за капење (според обликот на телото)? Ако имате стомаче и сакате да го скриете, не мора да носите исклучиво едноделни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg