3 важни совети за млада и убава кожа во 30-тите
Во триесеттите секоја жена мора да внимава повеќе на негата на лицето и телото со оглед на тоа што кожата во тие години потешко се обновува и почнува полесно да пука. Секоја жена сака да биде убава и да го одржи младешкиот изглед колку што е можно подолго. За тоа е потребно да се негувате на правилен начин.
Ако сакате да ја задржале убавината и младоликоста на лицето и по триесетта година, применете ги следните совети:
1. За чувствителна кожа користете креми без алкохол, а за мрсна кожа гел-креми
По чистењето на кожата ѝ треба хидратантна крема која ќе ја обнови и ќе го спречи нејзиното сушење. За сува кожа најдобра е хидратантна крема богата со антиоксиданси кои ја дополнуваат водата и го смируваат воспалението. На мрсната кожа, пак, ѝ одговара крема без масло. И за сувата и за мрсната кожа препорачливи се кремите без алкохол и парфеми кои ја иритираат кожата.
2. Внимавајте со изборот на креми против брчки
Колагенот е неопходен за кожата да остане убава и затегната, но после 25-тата година неговото создавање опаѓа. Кремата најчесто ги задржува состојките кои го стимулираат неговото производство, но проблемот е во тоа што молекулите се толку големи и не можат да продрат во подлабоките слоеви на кожата за да ги измазнат брчките. Поради тоа, подобро користете препарати на база на L-аскробински киселини, најчиста верзија на витаминот Ц, која продира во кожата и ја измазнува.
3. Заштита од сонце во зима
Сонцето го поттикнува производството на меланинот кој предизвикува неизедначен тен и дамки на кожата, а со тоа го забрзува процесот на стареење. Од сонцето треба да се заштитите и зимно време бидејќи сончевите зраци се рефлектираат од снегот и влијаат на кожата. Освен шминката со заштитен фактор, неодминлив дел од негата е и кремата со заштитен фактор 30.