Подгответе се за декември со 5 парчиња облека кои мора да ги имате
Декември е месец на забава, семејни прослави, излегувања, дружења и подготовка за најлудата вечер и прославата на Нова година.
За подготвено да ја дочекате загреаната атмосфера организирајте си го орманот и бидете сигурни дека овие 5 задолжителни парчиња облека веќе ги имате, бидејќи се неизбежни за овој период.
Малиот црн фустан кој е одличен во секоја прилика, со различен дезен, должина и комбинација на соодветни обувки, никогаш не можете да погрешите, а секогаш би изгледале елегантно и секси.
Чипканиот фустан е одлично освежување за вашиот гардеробер, доколку сè уште го немате. Во различни бои и со различни додатоци можете да го комбинирате. Чипката е доволно секси сама по себе, но ако ја одберете соодветно на вашата линија и во комбинација со блескав накит, може да изгледате навистина гламурозно.
Проѕирната туника е еден од најчестите трендови оваа сезона. Комбинирана со интересна долна облека која може да биде во иста или различна боја и едноставен накит, сигурно ќе го привлечете вниманието каде и да се појавите.
Здолништето со висок струк ви нуди палета од можности и комбинации кои зависно од приликите може да ги носите и деловно и забавно. Дава елегантна, а истовремено и секси нота на вашиот дневен и вечерен изглед.
Кратка кожна јакна со повеќе нитни ќе ви даде храбар и моќен изглед. Дури и на оние со понежни комбинации ова може да им изгледа интересно и да привлечат поголемо внимание бидејќи зрачат со моќ и самодоверба.