Викторија Бекам - личен кројач на Ева Лонгорија? (фото)
Ева Лонгорија организирала „London Global Gift Gala“ хуманитарна гала-вечер на која ги поканила своите познати пријатели за да се соберат донации за жртвите на Филипините.
Сите кои се појавија на црвениот тепих блескаа во полн сјај.
Интересно беше да се забележи дека Ева Лонгорија носеше креација на нејзината пријателка, Викторија Бекам, исто така облечена во комбинација од својата колекција.
Вечерта пред галата на социјалните мрежи се појави и фотографија која не се гледа секојдневно, каде Викторија е клекната на колена пред Ева и го поправа црниот долг фустан за да биде точно до подот.
Наместо тоа да го прават нејзините модни помошници, Викторија, како вистинска пријателка без проблем го направила тоа лично и фотографијата сама ја објавила.
Покрај Пош Спајс и „очајната домаќинка“ на гала вечерта заблескаа и Никол Шерцингер, Пикси Лот и Ванеса Вајт.