Нашминкајте се за 90 секунди! (видео)
Дури и кога поради обврските мора да истрчате од домот, па немате доволно време за да се средите, само една и пол минута ви е доволна за да изгледате свежо, средено и привлечно.
Секоја модерна жена има сè повеќе обврски, поради кои не може да си посвети доволно време себе, па шминкањето го остава за подоцна, а можеби и воопшто го заборава.
Но, благодарение на едноставните техники сега можете идеално да се нашминкате за само 90 секунди.
Сè што ви е потребно за ова брзо средување е коректор или прилагодлив обоен крем за лице, моливче, четка и сенка за очи, маскара и кармин.
Во зависност од тоа дали се подготвувате за вечерно излегување или наутро за на работа, изберете посилни или неутрални бои на сенката и карминот.
Погледнете го краткото видео и направете ги истите чекори за супер секојдневен изглед: