5 магични употреби на циметот

Претпоставуваме дека и вие не можете да си ја замислите есента без мирисот на цимет во омиленото кафе, шолјата топол чај, жешкиот есенски колач... Но, овој ароматичен зачин има и други магични употреби.

5-magicni-upotrebi-na-cimetot-01

Ова се 5те најкорисни и најефикасни:

Цимет во борба против лошиот здив

Во чаша вода ставете лажичка мед и лажичка цимет и добро промешајте. Со оваа мешавина испирајте го грлото неколку пати на ден. Истиот ефект го имаат и стапчињата цимет кои може да ги грицкате по испивањето на кафето.

Сојузник на убавата кожа

Циметот има антибактериско дејство, што го прави одличен сојузник за нега на вашата кожа. Користете природни пилинзи од цимет, кои ја стимулираат циркулацијата и ја обновуваат кожата. По желба, можете да додадете и неколку грама мелен цимет во кремата која ја користите секојдневно.

Со цимет до поголеми усни

Овој зачин е составен дел од кармините кои им даваат волумен на усните. По природен пат ги зголемува, а во домашни услови е доволно само да го промешајте со омиленото лабело или пак со малку вазелин и да го нанесете на усните. Оставете да делува неколку минути и ќе добиете поголеми усни без естетски зафати.

5-magicni-upotrebi-na-cimetot-02

Го стимулира растот на косата

Циметот е одличен за сите кои страдаат од опаѓање на косата. Две лажички цимет ставете во неколку капки маслиново масло и промешајте. Со добиената смеса нанесете ја на темето и масирајте. Оставете да делува 15 минути, а потоа измијте ја косата.

Комбинацијата од мед и цимет ги уништува акните

Овој зачин ги чисти порите и го спречува настанокот на акни. Маската од три лажички мед и лажица цимет ќе ви го исчисти лицето од сите бактерии, ќе го намали црвенилото и ќе ја нахрани кожата. Доволни се само 10 минути за да почувствувате огромна разлика!

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
9 совети со кои ќе изгледате како „милион долари“ (без да потрошите многу пари) Плетен џемпер со V-отвор на линии, кафена чанта за секоја комбинација - некои па...
5 типа ролки кои треба да ги избегнуваат жените по 40-тата година Ролки во здодевни бои и полуролки едноставно не им прилегаат на дамите над 40 го...
5 типа маникир кои делуваат кич (и како да изберете подобра алтернатива) Неонски бои, црн лак - некои трендови во маникирот треба да се заменат со нови, ...
8 вообичаени грешки поради кои облеката и чевлите се уништуваат брзо и завршуваат во корпа за отпадо... Можеби звучи смешно, но пробајте го трикот со замрзнување на хулахопките пред да...
Модни детали поради кои делувате постаро (дури и без да сте свесни за тоа) Пластичен накит, жолта нијанса на русата коса - што прави да делувате постаро од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg