Есенска жолта боја во машката мода (фото)
Жолтата боја е популарна оваа сезона и кај мажите и кај жените. Додека жените можат да комбинираат најразлични бои и нијанси, мажите треба да бидат малку поумерени.
Но, зошто да не бидете забележани со боја која ќе ве одвои од толпата, а сепак ќе се вклопувате во средината и есенскиот амбиент?
Жолтата боја е навистина впечатлива, па подобро е да ја комбинирате во спортски изданија или за излегување, но не и за на работното место. Сепак треба да останете одмерени и сериозни.
Слободно искористете ги сите нејзини нијанси, а доколку сакате да ја носите, но да не привлекувате преголемо внимание, препорачуваме да ја неутрализирате со некои сиви и темнозелени и кафени нијанси.
Доколку сакате, пак, да оставите впечаток каде и да се појавите, тогаш комбинирајте ја со посветли нијанси на зелена, бела или сина.
Погледнете ја галеријата и доживејте ја есента во полн сјај.