Направете сами: Машнички како моден додаток
-->
Машничките се еден од трендовите оваа есен. Може да се користат и како моден додаток, како вратоврски, привезоци или како украси на честитки и подароци.
Ви прикажуваме неколку начини за да си направите интересни машнички и да бидете уникатни.
-->
Шнола – машничка
- Земете поцврст материјал со боја и дезен какви што сакате вие
- Исечете две пошироки правоаголни парчиња околу 5 см од кои едно подолго (10 см) и едно пократко (7 см)
- Превиткајте ги од едниот до другиот крај
- Залепете ги со поцврсто лепило или сошијте ги
- Поставете ги едно врз друго, така што помалото да биде врз поголемото и така залепете ги
- Од задната страна додадете им мало чешле од некоја стара шнола
- Може да додадете и некој брош или да ви биде едноставна секојдневна шнола која ќе ви одговара со некоја комбинација на облека
-->
-->
Украсна машничка со помош на виљушка
-->
- Земете две тенки ленти со поголема должина и една виљушка
- Едната лента премотувајте ја наизменично низ запците на виљушката
- Со втората лента врзете ја претходната попреку како што е изврзана на виљушката за да ја зацврстите нејзината форма
- Ќе добиете интересна машничка која може да ја искористите како украс или привезок.
Би можело да ве интересира:
8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024
Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото)
„Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
Моден погодок: Две Македонки во аутфити со оскаровски гламур на јахта во Кан
Двете пријателки, се вљубенички во модата, а и модата е нивна животна професиона...
Теткести или кул? Мери Џејн чевлите ќе бидат хит оваа есен 2024-та (фото)
Мислењата за овие чевли се поделени, но дефинитивно ќе ги гледаме често оваа есе...
Болеро и уште 9 трендови за есен 2024 од модните писти
Од Барби фустани, но во поинаков футуристички стил до „леопард“ дезен, кои се мо...
Како да го изберете совршениот костим за капење (според обликот на телото)?
Ако имате стомаче и сакате да го скриете, не мора да носите исклучиво едноделни ...
-->