Како подолго да го задржите мирисот на омилениот парфем?
Ако и вие секојдневно се борите со долготрајноста на вашиот омилен парфем, постојат неколку едноставни трикови кои ќе ви го продолжат уживањето во омилените мирисни ноти.
За почеток, парфемот нанесувајте го на адекватните места - на зглобовите, зад ушите, на страната од вратот и на внатрешната страна на лактите.
1. Парфемот задолжително чувајте го подалеку од светло, затоа што во спротивно има шанса да ги изгуби хемиските својства. Најдобро е да го чувате во оригиналната амбалажа, во некоја фиока, само не во бањата. И влагата може да го промени неговиот состав и мирис.
2. Нанесете го парфемот директно на кожата. Парфемот поточно се нанесува на местата каде го чувствувате пулсот, па на тој начин мирисот се шири со секое отчукување на вашето срце.
3. Многумина по нанесувањето на парфемот имаат обичај да го протријат местото, без да знаат дека на тој начин го уништуваат мирисот. Парфемот треба да го оставите природно да се впие во кожата.
4. Уште една тајна како да го задржите мирисот на вашиот омилен парфем е да нанесете малку маслиново масло или мрсна крема како подлога на местото каде планирате да ставите од него. Маснотијата ќе ви помогне подолго да се задржи мирисот и да се претопи во вашата кожа.