Како да направите успешен шопинг?

Кога трговските центри ќе ги отворат вратите за понежниот пол, тие никогаш не ги разочаруваат. Без разлика дали се работи за долна облека, обувки, аксесоари или парчиња сезонска облека, жените никогаш нема да престанат да се лепат по излозите.

kako-da-napravite-uspesen-soping-01

Но, кога станува збор за рационално трошење и купување, тоа не е најсилната женска страна. Затоа, ви подготвивме неколку едноставни, а практични совети како за време на следниот шопинг да купите сè што сакате, со двојно помалку потрошени парични средства.

Пристигнете на време
Најдобро е да одите на шопинг само неколку часа штом продавниците се отворат. Така ќе имате поголема прегледност, поголем избор и ќе размислувате со бистра и одморена глава.

Направете листа од неопходните работи
Кога ќе видите преполни излози, лесно е да се изгубите. Затоа, на време направете список од неопходни парчиња облека. Ако имате само 1 пар фармерки, насочете се кон продавниците кои имаат одлична понуда на џинс. Ако ви недостасуваат добри обувки, обиколете ги сите продавници за чевли. Не скршнувајте по околните продавници!

Купувајте во вторник и петок
Докажано е дека вторник и петок се најдобрите денови за шопинг. Многу продавници ги започнуваат попустите на овие два дена, посебно кога се работи за викенд или неделен попуст.

Носете лесна облека
Ако сте подготвени за добар шопинг кој ќе ве измори, секогаш носете лесна облека која ќе можете да ја откопчате многу брзо. Избегнувајте го слоевитото облекување или пак здолништата во комбинација со тенки хулахопки. Истото важи и за обувките кои тешко се соблекуваат.

Не пропуштајте ја шансата
Научете кога е крајно време да го купите парчето облека кое го сакате. Ако има само едно парче изложено, прашајте ги продавачите дали е навистина последно. Ако тоа е вашиот број, во вашата омилена боја, вреди да го имате без оглед на тоа што е некој денар поскапо.

Црната боја е најдобар избор
Ако едно парче облека одлично ви прилега, а неговата изработка е малку понеквалитетна, купете го во црна боја. Добро ви е познато дека црната боја ги сокрива недостатоците.

Вклопете ја облеката во најмалку 3 комбинации
Пред да купите некое деликатно или дезенирано парче облека, задолжително размислете со што ќе го комбинирате. Не купувајте кошула која ве наведува да купите нови обувки и здолниште.

Најважна е придружбата
Внимателно одберете го друштвото во кое купувате. Ако до вас имате личност која искрено ви ги кажува ставовите и има добро око за мода, тогаш шопингот може да го прогласите за успешен!

kako-da-napravite-uspesen-soping-1

Кога веќе добро се подготвивте за ефективен и рационален шопинг, испробајте ги своите стратегии на најновиот Late night shopping во петок, на 4 октомври, кој ќе се одржи во Skopje City Mall. Целовечерната прошетка започнува од 21:00 часот и ќе трае до полноќ!

На овој втор Late night shopping сите љубители на модата ќе имаат шанса да се подноват со омилените есенски парчиња од најновите колекции, по поволни и многу пониски цени. Задолжително посетете ги продавниците на Fashion Group, ќе бидете пријатно изненадени.

Ве уверуваме дека на полноќ од Skopje City Mall ќе излезете со огромна насмевка!

Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
5 типа обувки кои ќе бидат во тренд до крајот на зимата Од спортски патики со голема платформа, до тренди чизми - Какви обувки ќе бидат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg