„Викторија Сикрет“ слави 16-ти роденден: Каде исчезнаа секси ангелите?
Топ-моделите секогаш биле пример за беспрекорна убавина и женственост, а само најубавите и најзгодните добиваа чест да носат долна облека на модните ревии на Викторија Сикрет.
Но, дека идеалите за женската убавина се променети, докажуваат денешните најубави ангели кои во споредба со женствените модели од пред 16 години, изгледаат целосно различно.
„Викторија Сикрет“ е бренд кој освен заводлива и женствена долна облека, освојува и со најубавите манекенки. Сите манекенки, чии тела се совршени модели за новите колекции на градници, гаќички и секси ноќници.
Но, покрај трендовите, она што значајно се променило во последните 16 години е и помалата идеална женска убавина, односно физичките особини, какви што би требало да имаат топ-моделите.
Споредено со денешните генерации на убавици, меѓу кои се издвојуваат Алесандра Амбросио, Кендис Сванипол и Карли Клос, со топ моделите кои жареа и палеа во осумдесеттите и деведесеттите години, меѓу кои: Клаудија Шифер, Наоми Кемпбел и Летициа Каста, мораме да признаеме дека убавината добила нов облик.
Кои модели вам ви се допаѓаат повеќе?