Сакате ли голем секси задник?

Да се има голем секси задник не е воопшто тешко како што мислите.

sakate-li-golem-seksi-zadnik-01

Многу мажи сонуваат жени со задникот на Џеј Ло или Ким Кардашијан, а и многу жени сакаат да го имаат на себе. И покрај тоа што повеќето веруваат дека се работи за генетски предиспозиции и дека нема шанси да имаат таков задник, се лажат. Постојат одлични вежби кои ако редовно и напорно ги практикувате, задникот на Џеј Ло ќе биде и на вашето тело.

Не се изненадувајте што вежбите се главно фокусирани на нозете, бидејќи тие го имаат најголемото индиректно влијание на задникот, а истовремено добивате целосно затегнување и одлична форма.


Клекнувања

sakate-li-golem-seksi-zadnik-1

Вежбите помагаат за да ги дефинирате нозете, бутовите и колковите. За најдобро да ги правите вежбите со клекнување мора да го поставите телото на средина, под шипката со тегови, да го истегнете грбот и да ја исправите главата. Полека кревајте се нагоре и клекнувајте во позиција како да треба да седнете. Стапалата поставете ги паралелно. Пробајте да направите серија од 10 до 15 клекнувања. Не претерувајте наеднаш. Целта е да ги дефинирате, а не да ги воспалите мускулите.


Ѕидно столче

sakate-li-golem-seksi-zadnik-2

Позиционирајте го телото спроти ѕидот прекрстете ги рацете и обидете се да седнете. Задржете се во таа позиција додека не почувствувате дека ви откажуваат нозете. Треба да направите најмалку три вакви серии.


Чекори

sakate-li-golem-seksi-zadnik-3

Оваа вежба е комбинација меѓу ѕидното столче и движењето со чучнување. Може да се задржите во клекната позиција и да ги менувате нозете како кога одите. Стапнете со едната нога, спуштете го телото, а главата држете ја исправено. Зацврстете ги колената додека задниот дел на нозете ви се во едно место на подот. Менувајте ги наизменично нозете. Треба да направите барем три серии со повторувања од 8 до 12 пати.


Превиткани нозе

sakate-li-golem-seksi-zadnik-4

Ако сте во сала за вежбање, сигурно ќе најдете различни справи за вежби на нозете, меѓу кои и онаа за вежби со превиткување на нозете. Легнете на стомак и со нозете поткревајте ги теговите на справата, така што ќе ги превиткувате нагоре. Веднаш ќе почувствувате како ви се затегнува задникот.


Истегнати нозе

sakate-li-golem-seksi-zadnik-5

Вежбите за нозе индиректно влијаат во затегнувањето на задникот. Особено вежбите за истегнување на нозете, исто како и вежбите со превиткување на нозете ако ги практикувате од 60 до 90 минути, секојдневно, ефектот е неизбежен.


Степери

sakate-li-golem-seksi-zadnik-6

За ова немате потреба да одите во сала за вежбање. Сè што ви е потребно се скали по кои ќе се качувате, а со тоа активирате повеќе мускули, особено оние на задникот, а истовремено правите и одлични кардио вежби.

sakate-li-golem-seksi-zadnik-7

Би можело да ве интересира:

Теткести или кул? Мери Џејн чевлите ќе бидат хит оваа есен 2024-та (фото) Мислењата за овие чевли се поделени, но дефинитивно ќе ги гледаме често оваа есе...
Папучите на Hermes се вистински летeн хит – каде може да купите поевтини копии? Не мора да дадете 800 евра за да ги носите најмодерните папучи за ова лето... Ко...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
Balenciaga продава обетки од 840 евра: Би носеле ли клучеви на ушите? „Што отвораат овие клучеви?“ Вака се шегуваат корисниците на социјалните мрежи, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg