Предлог аксесоари за впечатлив изглед: Спој на рокот и елеганцијата
Гранџ движењето, секојдневниот изглед и облеката од 40-тите на прв поглед може да ви делуваат неспоиво, но откако ќе ја откриете нивната заедничка магија и научите како да ги комбинирате ќе станат ваша опсесија. Аксесоарите од Parfois во овие три спротивни стила се прекрасен избор за студените денови кои следуваат.
На самиот почеток на оваа сезона младешката мода се сплотува со елегантниот изглед. Мешајќи ги материјалите со текстура, се создава идеална колекција за модерната жена.
Гранџ расположението е пренесено преку црни чизми со ланци и нитни, крзно, накит со метални, бисерни и тексас додатоци.
Минималистичкиот изглед и едноставноста на материјалите е инспирација за секојдневниот изглед.
Модните додатоци се во кафена, бежова и тегет боја, а колекцијата се состои од ремени, марами, накит, големи и плик чанти, дизајнирани за урбаната жена која се стреми кон елеганција и дискреција.
Облеката од 40-тите е претставена на модерен начин, пренесувајќи ги мажествените линии во женствена форма.
Боите за сезоната се инспирирани од едноставните земјени тонови. Чанти и накит со моќни, софистицирани детали кои доловуваат атмосфера на мистерија, убавина и романтика.
Аксесоарите од Parfois оваа сезона ќе ви го овозможат ова комбинирањена стиловите, без преголем напор и со одличен избор на различни материјали, текстури и шари.
Во продолжение, 5 неодоливи предлози кои ќе се вклопат во сечие женско секојдневие:
Смело и елегантно
Лежерно и урбано
Цветно и романтично
Спортско и современо
Младалашко и независно