Запознајте го Моциа Бриџес: Најмладиот моден креатор
Можеби веќе сте слушнале за младиот Моциа кој на 11 годишна возраст веќе зад себе има успешна кариера и секојдневно привлекува медиумско внимание. Уште кога имал 9 години започнал да се бави со креирање на лептир машни, по што неговите планови за доминација на модниот пазар секојдневно се прошируваат. И искрено, никој не се сомнева во него.
„Планирам да одам во училиште за дизајнери во Њујорк и сакам да имам сопствена линија облека додека наполнам 20 години. Знам дека реално може тоа да се случи затоа што бизнисот одлично ми оди на само 11 години. Сакам да бидам познат моден дизајнер и еден ден да имам сопствен бренд.“ раскажува младиот и талентиран Моциа.
Моциа раскажува како неговата страст за дизајнирате лептир машни е пренесена од страна на неговиот татко и дедо. Откако сфатил дека тие му се слаба точка, решил да направи бренд наречен Mo’s Bows.
„Навистина сакам да се облекувам убаво. Едно време носев обични вратоврски, но повеќе ги сакам машните. Подобро изгледаат!“
Неговата баба го научила да шие, но признава дека со месеци се мачел за да ја усоврши тактиката. Наскоро започнал да ја создава неговата линија машни и до ден денес по пат на онлајн продажба заработил околу 30.000 долари.
Негов идол е дефинитивно Ралф Лорен затоа што тој започнал бизнис на иста возраст како и младиот Моциа. Вели дека не би се зачудил доколку кариерата му тргне во истата линија како и на Ралф.