8 начини да го искористите медот за нега на лицето и телото

Медот е една од најдобрите работи за хидратација, а покрај тоа добар е и во борбата против другите недостатоци на кожата.

8-nacini-kako-da-go-iskoristite-medot-za-nega-na-liceto

1. Средство за хидратација

Измешајте еднаква количина мед и маслиново масло за да направите густ лосион. Втријте го на сувата кожа и нека постои 10 до 20 минути, исплакнете го и кожата ќе ви биде мазна.

2. Балсам за усни

Измешајте едно лажиче мед со шест грама природен восок, 10 капки лимон, две капки масло со витамин Е и 50 грама кокосово масло. Измешајте додека не се добие воедначена смеса, Чувајте ја во сад со капаче.

3. Восок за депилација

Измешајте две лажичиња жолт шеќер, лажиче мед и едно лажиче вода во сад кој може да се стави во микробранова печка, па загревајте ја смесата сè додека не се добие кафена боја (од прилика 30 секунди).

Оставете ја смесата да се излади и разредете ја со вода ако е многу густа. Нанесете ја на кожата со мала лопатка, па ставете ткаенина преку смесата, притискајќи ја во правецот во кој растат влакната, потоа бргу повлечете ја ткаенината во спротивна насока.

4. Производ за коса

Додајте лажиче мед во својот сапун за да ги излечите оштетените прамени, или измешајте го со маслиново масло и нанесете го на косата. Нека постои 15 минути (10 минути повеќе за многу оштетена коса), потоа косата измијте ја со шампон.

5. Купка

Измешајте две лажици мед и 250 милилитри топла вода и оставете ја смесата 10 минути да стои за да се раствори медот. Додајте 2-3 капки масло од лаванда, па сето тоа ставете го во топла вода.

6. Средство против акни

Земете многу малку мед и нанесете го на акната, потоа прекријте го со фластер местото и држете го фластерот 30 минути. Медот е добар и за изгореници и гребаници.

7. Масажа на лицето

Измешајте две лажици млеко со две лажици мед. Нанесете го растворот на лицето и оставете да постои 10 минути пред да го исплакнете.

8. Лек за брадавици

Нанесете мед на проблематичните области два пати во текот на денот и веќе утредента ќе ги за бележите резултатите.

Би можело да ве интересира:

8 типови накит кои го уништуваат и најмодерниот стајлинг (и ве прават постари) Грешка бр. 1 – Поцрнет метален накит, кој прави да изгледате застарено. Грешка б...
Високи чизми, волнени капчиња - Како соодветно да се грижите за зимската облека и обувки? Препорачливо е кожените ракавици да ги перете на рака - на сунѓер капнете неколк...
8 вообичаени грешки поради кои облеката и чевлите се уништуваат брзо и завршуваат во корпа за отпадо... Можеби звучи смешно, но пробајте го трикот со замрзнување на хулахопките пред да...
Алмедина Исмајли - македонска новинарка со впечатлив стил (фото) Од елегантни фустани до спортски комбинации и многу корсети - македонската новин...
Инфлуенсерката Даниела Ѓуровска: „Ако се дотерам сабајле, цел ден се чувствувам убаво“ „Временски разликата меѓу облечи „Што било“ и спреми комбинација од претходната ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg