Тајната на руските убавици: Вотка-тоник за лице
Доколку имате проблем со масната кожа, овој проблем најлесно ќе го решите по рецептот на славните руски убавици. Се работи за тоник од вотка кој секоја Русинка го има во својот дом.
Вотката е одлична течност за дезинфекција на лицето, па во комбинација со правилни и здрави состојки може да се претвори во ефикасно средство за чистење на лицето.
Сè што ви е потребно е едно пластично шишенце со распрскувач, дестилирана вода, вотка и гранче рузмарин.
Во шишенцето ставете дестилирана вода и оставете простор за уште 3-4 лажици вотка. На крајот ставете го гранчето рузмарин, промешајте и оставете ја течноста да отстои неколку часа.
Тоникот се чува на студено место, се нанесува наутро и навечер на чисто лице и никако не смеете да го нанесете околу пределот на очите заради тоа што содржи алкохол.