Како да го освежите класичното коњско опавче?
Косата врзана во високо коњско опавче е идеално решение за топлите денови во кои имате многу работни обврски. Но, ако со текот на времето ви досади едноличноста, еве еден предлог кој може да го направите за само неколку минути плус.
Класичното коњско опавче освежете го со мала плетенка за која не ви е потребно многу време, ниту пак претерано вешти раце.
За почеток расчешлајте ја косата и направете патец така што поголем дел од косата ќе ја префрлите на левата страна. Еден прамен одвојте на три дела и започнете да плетете обична плетенка.
Плетенката плетете ја малку полабаво од вообичаено за да изгледа полежерно и впечатливо. Зацврстете го крајот со мало силиконско ластиче.
Целата коса, вклучувајќи ја и плетенката, соберете ја во високо репче. Откако ќе ја соберете може да го пуштите ластичето од плетенката за подобар изглед.
Одвојте мал дел од косата и замотајте го околу ластичето и прицврстете со мала црна шнола.
Ова е наједноставниот начин од високото коњско опавче да направите интересна фризура која може да ја носите во текот на целиот ден или пак во вечерните часови.