Откријте ги есенските трендови во Springfield
Springfield е бренд кој ги следи светските модни трендови, но секогаш со доза на оригиналност. Колекцијата за есен/ зима 2013 е пошарена од минатите години и изобилува со дезени инспирирани од разновидното секојдневие.
Како кај жените, така и кај мажите, за оваа есен и зима колекциите се поделени во неколку различни стилови.
Првиот стил во женската колекција е геометрискиот кој е базиран врз триагоналната геометрија.
Црните и бели парчиња облека се искомбинирани со уште неколку есенски бои и нијанси, како и со впечатливи детали.
Каубојски чизми, нитни и тесен џинс се одликите на оваа есенска колекција.
-->
-->
|
-->
|
Втората женска колекција е инспирирана од цветните принтови и е составена од сиви нијанси во комбинации со тиркизните варијации.
По малку меланхолична, одличен избор е за сите дневни појавувања во кои сакате да се чувствувате удобно и модерно.
Кога постудените денови ќе пристигнат, на ред доаѓа и третиот новитет од овој бренд кој се одликува со племенски шари во впечатливи бои.
Пончо, шал или џемпер во овој стил е одличен избор за сите девојки кои ја сакаат уникатноста.
За мажите, оваа есен ќе преовладува сината боја и сите нејзини нијанси. „Синиот живот” како што е наречена првата машка колекција на Springfield е составен од џинс во комбинација со лежерни кошули и блузони.
Едноставната елеганција е истакната во втората машка колекција, каде преовладуваат неутралните есенски бои.
Уникатното струкирано спортско сако е неизоставен дел од комбинациите кога сакате да изгледате лежерно, а уредно.
Карамел кафената, темно сината и тегет се трите бои врз кои се темели склопот на машкиот изглед.
Традицијата и современиот стил се сретнуваат во третиот машки стил инспириран од „богатиот стил” кој го негуваат многу мажи.
Дебели џемпери со многу копчиња, кошули во необични нијанси и со уникатни шари, како и тесни пантолони се нешто неизоставно доколку сакате и вие да бидете дел од овој стил.
Сите изгледи се финиширани со прекрасни и сјајни чевли.
Четвртиот стил кој Springfield го актуелизира оваа есен е „уличниот” како што многумина го нарекуваат. Тој се состои од светли бои, смели комбинации и едноставни парчиња облека.
Овде одлично се вклопуваат и машките торби и ранци кои веќе извесно време се апсолутен хит во машката мода.