Дознајте ги најголемите митови за стриите
Ако патите од овој проблем, сигурни сме дека сте се изнаслушале голем број на тврдења и совети кои на крајот се покажале како неточни или неуспешни. Дознајте ги најчестите заблуди за стриите кои само ви го заматуваат умот.
Мит бр.1: Настанувањето на стриите не може да се спречи
Постојат различни начини како ризикот да го сведете на минимум. Најважно е да водите сметка за исхраната, поточно за количината и видот на намирници кои ги внесувате. На тој начин килограмите ќе ги држите под контрола, а кожата ќе остане затегната.
Мит бр.2: Само трудниците може да имаат стрии
Вистина е дека кај многу трудници има голем број на стрии, но не е точно да тие се единствените кај кои настануваат. Секој кој нагло се здебелува и слабее има големи шанси да стане жртва на овој проблем. Тоа се однесува и на мажите, децата, но и на жените кои не се бремени.
Мит бр.3: Во текот на бременоста стриите се појавуваат само на стомакот
Иако кожата најмногу се растегнува во пределот на стомакот, за жал тоа не е единственото место на кое се појавуваат. Може да се појават и на градите, задникот, рацете и бедрата.
Мит бр.4: Кремите помагаат само ако ги користите кон крајот на бременоста
Многу е важно превентивно да користите креми и лосиони, секојдневно, уште во првите месеци. За да ги постигнете најдобрите резултати, покрај кремите и препаратите, масирајте ја кожата со ракавица или четка додека се туширате за да ја подобрите циркулацијата, но и внесувајте храна богата со витамини Е и Ц, како и со цинк.
Мит бр.5: Стриите исчезнуваат кога ќе ослабете
Во некои случаи стриите може да избледат, но сепак кога еднаш ќе се појават постои голема шанса дека никогаш нема да се изгубат, затоа што кожата тешко се враќа во првичната состојба.
Мит бр.6: Стриите не се познаваат кај жените со темен тен
Сите белези на кожата се познаваат, без разлика дали имате светол или темен тен. Вистина е дека се помалку очигледни, но тоа не значи дека доколку потемните стриите ќе се изгубат, посебно ако се бели.
Мит бр.7: Стриите може да исчезнат ако користам креми повремено
Ова секако не е точно, бидејќи за тие да се изгубат или барем намалат потребно е да бидете дисциплинирани и одговорни.
Мит бр.8: Тинејџерите и малите деца не може да добијат стрии
Стриите се најчеста појава кај тинејџерите и децата кои брзо растат, така што ова во никој случај не е точно. За среќа, бидејќи нивното тело е сè уште во развој, стриите брзо се лечат.
Мит бр.9: Стриите не може привремено да се сокријат
Постојат пудри и препарати кои може да ги сокријат промени на кожата, но тоа е само привремено решение кое може да послужи ако носите гардероба која не ги прекрива деловите на кои имате стрии.
Мит бр.10: Само со пластична хирургија може да се отстранат стриите
Постојат многу третмани освен овие зафати. Пилингот со разни хемикалии, ласерски третман, светлосна терапија се само некои од опциите кои може да ги примените доколку го имате овој проблем. Сепак, избегнувајте ги овие неприродни методи за време на бременоста и задржете се до лосионите и мелемите.