Како да направите лежерна разбушавена плетенка? (видео)
Разбушавениот спој на две плетенки е идеален избор за вечерното излегување, но и за летните денови кога имате премногу обврски, па немате многу време постојано да се дотерувате. Предност е и што оваа плетенка се прави исклучиво еден ден по миењето на косата.
Косата префрлете ја на една страна и разделете ја на три прамени за плетенка, па од средишниот прамен исплетете една обична.
Потоа извлечете ги прамените, истапирајте малку, па од таа плетенка и останатите два прамени исплетете нова плетенка.
Малку развлечете, разбушавете и заврзете со ластиче. Пропрскајте со лак за поцврст изглед.
Овој необичен спој на две плетенки ќе ве воодушеви за само неколку минути.
Би можело да ве интересира:





