Како топ моделите ја одржуваат својата линија?
Како моделите успеваат да имаат совршена линија е главното прашање на многу жени. Понекогаш изгледа дека тие воопшто не јадат, но тоа е далеку од вистината. Повеќето од нив водат здрав органски начин на живот и се физички активни.
Откријте ги нивните тајни кои конечно решија да ги споделат и да докажат дека и со јадење е возможно да се одржува посакуваната фигура на тело.
Миранда Кер
„Настојувам да се водам според органска диета и да бидам хидратирана со многу алкална вода. Сакам да сум здрава и активна. Некогаш се занимавав со гимнастика, а сега со години практикувам јога. Сакам кога сум во добра форма и кога вежбам.“
Роузи Хантингтон
„Не сум од тие девојки кои подлегнуваат на строги диети, сакам кога работите се едноставни. Пораснав на фарма, и затоа сакам да направам детоксикација на телото и да изгубам тежина или пак едноставно да јадам здраво. Од мојата исхрана најчесто отфрлам јаглехидрати и рафинирани шеќери.“
Дауцен Крус
„Кога сум со мојата мајка, тогаш сум најсреќна и најздрава. Таа отсекогаш ме учеше како да јадам здраво и готвеше исклучиво здрави работи од градината. Пораснав на северната страна на Холандија, и имав здрава и балансирана исхрана. Кога патувам, за жал, немам можност да јадам здраво, па затоа секогаш кога можам, се обидувам од време на време да отидам дома бар на десетина дена.“
Ирина Шаек
„Пијам многу вода, но не практикувам диети. Луѓето имаат став дека моделите не јадат воопшто, но сигурно ќе престанат да го мислат тоа кога ќе ме видат во ресторан. Јадам сладолед и колачи, но клучот е во рамнотежата. Кога ќе јадам нешто такво, ќе се чувствувам многу подобро ако потоа поминам неколку часа во теретана.“
Жизел Бундшен
„Што и да внесеш во организмот мора да го исфрлиш, затоа не сум од оние кои следат строг режим на вежбање и прехрана. Таков став настојувам да пренесам на децата. Кога Бенџамин јаде брокула, тој мисли дека тоа е десерт.“