Модерни едноделни костими за капење
Модерните едноделни костими за капење се преполни со детали, интересни дезени и делуваат премногу заводливо. Ако мислевте дека монокините се дел од минатото, сигурно ќе го промените мислењето откако ќе ги погледнете најновите модели и дезени.
Оваа година во тренд се едноделните костими за капење со карнери кои ќе им помогнат на слабите девојки да добијат визуелно побујни гради, а воедно го освежуваат и целокупниот изглед.
Засечениот дел на стомакот или пак појасот во друга нијанса е одличен кога се работи за нагласување на струкот, додека шарените принтови го одвлекуваат вниманието од другите делови на телото.
Цветните и графички дезени се идеални за да ги сокриете или истакнете посакуваните делови. Шаренилото ви помага да го добиете изгледот кој го посакувате.
Монокините без прерамки се одлични ако сте зависник од сончање или пак лесно потемнувате. Грбот и градите ќе ви бидат беспрекорно бронзени.
Костимите за капење со необични отвори и засекувања се идеални за оние кои сакаат да се разголат, но сепак да го сокријат вишокот стомаче.
Ретро моделите во вид на корсети се идеални за девојките со облини. Истовремено ги сокриваат вишокот килограми, а женствената фигура во ниту еден случај не се губи.
Не ги заборавајте и едноставните црни костими за капење. Тука може да експериментирате до бесвест. Играјте си со деталите, карнерите и засекотините околу струкот.
Ова се најмодерните модели на монокини кои нема да погрешите ако ги облечете ова лето.
-->
|
Уште 10 фотографии на следната страна...