10 начини да го засакате своето тело

Слаби или дебели, сите ние имаме промена на расположението во однос на нашето тело. Но, слабеењето не е патот до среќата.

10-nacini-da-go-zasakate-svoeto-telo-01

Започнете да се третирате на најдобар можен начин бидејќи го заслужувате тоа. Малку љубезност во целата приказна за вашето тело може да ве доведе до значително поголема среќа. Еве како да тргнете во тој правец:

Променете го текстот во главата

Забранете си ги негативните зборови кога зборувате за своето тело. Во ниту еден случај не користете ниту слатки изрази за полна девојка или девојка со облини. Престанете вербално да се измачувате.

Однесувајте се убаво кон своето тело

Без оглед колку безвредно и да се чувствувате, не ја користете храната како награда, ниту пак вежбањето како казна. Грижете се за себе во секоја смисла на зборот, најдобро што можете.

Не се обесхрабрувајте

Избегнувајте го катастрофалните реакции. Во ред е, ја прекршивте диетата или ставивте на себе неколку килограми плус, но не е крај на светот. Разбистрете ја главата и утешете се дека секој проблем е решлив, па така и овој. Преземете ги работите во свои раце!

Пишувајте си позитивни пораки

Доколку сте слаби со самодовербата, задолжително запишувајте си позитивни пораки на огледалцата низ домот. Тоа нека бидат симпатични коментари кои кога и да ги прочитате ќе ви изнудат мала насмевка.

Насочете ги мислите кон нешто продуктивно

Вашите само-деструктивни мисли нема да ве одведат никаде. Подобро е да ги насочите кон новата исхрана или новиот распоред на вежби, отколку постојано да се фокусирате на тоа колку сте здебелени.

Помогнете им на другите

Волонтирајте во дом за згрижени дечиња или стари лица, вклучете се во некој друштвен проект и било што - што ќе ве натера да се чувствувате подобро.

Живејте во сегашноста

Никогаш не купувајте парчиња облека кои можеби ќе ги облечете кога ќе имате 10 килограми помалку. Тие нема да ви бидат мотивација. Купувајте и носете облека која најдобро ви прилега сега.

Оддалечете се од вагата

Вагата мора да стои во една соба, а вие да не бидете нејзин роб. Ако утринското мерење ви го уништува денот, веднаш престанете со тоа!

Редефинирајте ги целите и мотивите

Размислете за здравата исхрана и повеќе активности, а не за слабеење. Ако треба да изгубите некој килограм, пронајдете здрава причина за тоа.

Одберете да бидете среќни

Не секогаш можете да го контролирате она што ви се случува, но можете да ги контролирате вашите реакции. Можете да ја гледате позитивната страна во сите нешта, да бидете опкружени со добри луѓе и да бидете благодарни на она што го имате.

Би можело да ве интересира:

Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Како да го изберете совршениот костим за капење (според обликот на телото)? Ако имате стомаче и сакате да го скриете, не мора да носите исклучиво едноделни ...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg