Летна мода за девојки со облини
Погледнете што можете да носите ако сте дама со малку повеќе килограми ова лето. Фустани, туники, здолништа, комбинации за на плажа и за на работа. Ви предложуваме неколку идеи како да изгледате фантастично во секоја прилика.
Инспирирајте се и испробајте ги овие комбинации, може да се зачудите од ефектот кој ќе го постигнете.
Долг фустан
Долг фустан за елегантна варијанта. Комбинирајте со некоја летна наметка за вечерните часови.
Цветно здолниште
Во лето, време е за шаренило, јаки бои и дезени на облеката. Пронајдете такво здолниште и комбинирајте со еднобојна маичка.
Туники во различни бои
Туниката е одлична за секојдневна комбинација, а за вечерните излегувања купете некоја туника со интересен крој и дезен.
Удобен шорц
Овој тип на шорц е нешто што секоја девојка мора да го има. Најважно е што не создава нерамнини и се приспособува на формата на телото.
Асиметричен фустан
Овие фустани се во тренд и одлично одговараат на девојки со облини.
Моќта на коланите
Стегнете го вашиот струк со колан за да ги истакнете вашите облини.
Убавината е во едноставноста
Фустан со стандарден крој, долг до под колениците и со едноставен дезен прилега одлично на покрупните девојки кои сакаат да делуваат елегантно и модерно.
Летна слобода
Летен, лелеав, удобен краток фустан. Ова парче облека е задолжително за летните денови, без оглед на тежината.
Изгледајте фантастично навечер
Фустан со деколте во една боја за вечерно излегување е доволен за да ве направи најпосакуваната жена.
Бели пантолани
Бели пантолани во комбинација со туника од шарен дезен. Супер комбинација за на работа.
Истакнете ја женственоста
Набавете женствен цветен фустан за истакнување на сензуалноста и нежноста. Безвременско парче облека кое е како создадено за сечие женско тело.