Како да се „носи“ парфем во текот на летото?
Една од најлошите работи кои може да ви се случат преку лето е да завршите во автобус кој нема добра вентилација со некој кој претерал со дозирање на тежок и евтин парфем.
Тој мирис преовладува во воздухот и на жештината која не може да се избегне сите почнуваат да чувствуваат мачнина.
Можеби би било најдобро во текот на загушливите, топли и спарни летни денови да го прескокнете парфемот, или барем да ја сведете неговата употреба на минимум.
Ако веќе употребувате парфем тоа нека биде само еден слој од некој умерен и свеж мирис, така ќе мирисате убаво и нема да ги доведувате опасност од колабирање луѓето околу вас.
Купка
Прво одберете купка која многу ви се допаѓа и која што ве освежува. Важно е нејзиниот мириис потполно да ви одговара вам и на вашето тело. Потоа дефинирајте една мирисна нота на таа купка и најдете млеко кое дополнително ја нагласува таа нота.
Дезодоранс
Целиот мирисен стил нека го зајакне дезодорансот кој го подржува мирисот што сте го одбрале.
Парфем
Ако баш инсистирате на парфем, одберете помалку интензивна, посвежа варијанта која не е тешка. Главните ноти кои што ги носите нека бидат инспирирани од лаванда, пролетно цвеќе, море или ливада.