Совети за жените од 9 топ модели
Тие се синоним за убавина, и со своите изјави се обидуваат да ја покренат самодовербата кај секоја девојка која никогаш не чекорела по модните писти... Овие убавици тврдат дека има нешто понеопходно од привлечната надворешност.
Тајра Бенкс
Сите жени се убави, слаби, полнички, ниски, високи, со бела или темна кожа, неспретни или екстравагантни, срамежливи и сите типови на жени кои се наоѓаат измеѓу.
Кејт Аптон
Сакајте го своето тело, тоа е подарок од Бога.
Џорџија Меј Џегер
Постои таа идеја за совршенство. Многу од девојките не разбираат дека таа е голем проблем. Потребно е да разберат дека секој од нас е живо суштество.
Џени Ранк
Никогаш немојте да дозволите некој да ви каже дека не сте доволно добри. На вас е да одберете дали ќе ги следите туѓите очекувања или ќе ги поддржите своите.
Кристал Рен
Луѓето мора да сфатат дека се доволно убави и големи, онакви какви што се. Само треба да бидат свои и да се сакаат себеси.
Ел Макферсон
Природната убавица има харизма. Верувам дека секој треба да се прифати, отколку да манипулира со себе си и да се менува.
Хелена Кристенсен
Убав е оној кој е искрен спрема себе и својот дух, некој кој е самоуверен и може да те насмее.
Миранда Кер
Сметам дека женската фигура треба да ја слават, да се истакне она што ти е дадено, а не да се сокрие.
Синди Крафорд
Ќе се смеам и кога еден ден ќе се разбудам и нема да изгледам како Синди Крафорд.