Освежете го едноставниот каиш со летни бои
Ова е уште едно видео во кое ви претставуваме како да уживате во летното шаренило и здодевните колани да ги претворите во омилен летен аксесоар.
Потребно ви е: Дебели конци во различни бои, нитни, перли, украсни камчиња, каиши, ножици и малку лепило
Најпрво заврзете го конецот со дупли чвор од долната страна на коланот, па зацврснете со лепило. Почнете да го замотувате коланот со конците и секој пат додавајте малку лепило за да биде поцврсто и посигурно.
Кога ќе замотате колку што ќе сакате, направете уште еден чвор од конецот, па и него залепете го на внатрешната страна на коланот. Повторете ја постапката неколку пати, со различни конци.
Залепете украсни каменчиња, перли или нитни на неколку места преку конците (по желба) и оставете сè добро да се исуши.
Сега конечно имате тенки ремени во светли бои, по ваша мерка! Ваше е само да ги искомбинирате со омиленото фустанче, здолниште или кошула.