Со лимон до убавина

Лимонот ги избелува флеките на кожата, ги смирува воспалителните процеси, ги затвара порите и сјајно ја чисти кожата. Единствениот мирис на лимонот е добар за ароматерапија. Наместо да трошите многу пари на козметички производи искористете го лимонот за да добиете прекрасна кожа како што посакувате.

so-limon-do-ubavina-01

Пилинг за лакти

Исечете еден лимон на два дела и ставете ги половините во фрижидер. Кога ќе се изладат ставете по една лажица шеќер и истријте ги лактовите и петите. Повторувајте го ова барем еднаш неделно за да станат бели и нежни.

Маска за сува кожа

Изматете една жолчка со маслиново масло и додајте лимонов сок. Нанесете ја смесата на чиста кожа. Нека потстои половина час, а потоа масирајте го лицето со кружни движења додека не почувствувате топлина на лицето. Исплакнете со млака вода и нанесете хранлива и хидратната крема.

Маска за масна кожа

Измешајте плава глина со сок од половина лимон и половина портокал. Матете со дрвена лажица или рака, додека не добиете хомогена смеса. За маската да не се стегне наеднаш ставете фолија над лицето во првите 20 минути, а потоа тоа тргнете ја фолијата. По половина час исплакнете го лицето со млака вода, а потоа со ладна. Не треба да нанесувате крема освен ако не ве затега лицето.

Против проширени пори

Кожата со прошиени пори обично е масна и сјајна, па шминката на тој тип кожа се топи и се размачкува. Лимоновиот сок е одличен за тој проблем. Чистата кожа истријте ја со газа натопена во вода, а потоа во сок од лимон. Грубата структура на газата подобро ја чисти кожата. Ова е одлична подлога за шминка за масната кожа.

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Како да го изберете совршениот костим за капење (според обликот на телото)? Ако имате стомаче и сакате да го скриете, не мора да носите исклучиво едноделни ...
8 модели на сандали и влечки кои ќе бидат тренд ова лето Плетени, сандали со високи полни потпетици, влечки со златни и сребрени детали.....
Високи чизми, волнени капчиња - Како соодветно да се грижите за зимската облека и обувки? Препорачливо е кожените ракавици да ги перете на рака - на сунѓер капнете неколк...
Девојката со победнички фустан на Мет гала 2024 – направен е од песок, ја носат на раце по скали (фо... Фустанот е направен од песок и е оформуван по нејзиното тело, тројца мажи ѝ пома...
Црна тантела, високи чизми: Како се дотераа гостите за настапот на Махмут Орхан во Скопје? Елена Најдоски, Калтрина Круезиу и Миа Костова, беа само дел од гостите кои сино...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg