Како евтиниот накит да изгледа скапо и модерно?
Имате ланче или обетки кои ги добивте на поклон, а воопшто не ви се допаѓаат и ви изгледаат некако излитено и евтино? Не очајувајте. Постои начин за помалку од 5 минути да ги претворите од кич во модерен аксесоар.
Потребен материјал:
- Сребрена или шарена самолеплива трака
- Ножици
- Остар предмет – игла, скалпел
Измерете колкаво парче ви е потребно за да се прекрие површината која не ви се допаѓа и која сакате да ја промените. За да не ви се направат меурчиња воздух, самолепливата трака лепете ја од средината кон краевите.
Со остриот предмет исечете го вишокот на трака. Бидете внимателни, а ако некое ќоше ви остане, може слободно да пополните некој меѓупростор, на пример просторот помеѓу цирконите и железниот дел од накитот.
Откако ќе ги завршите овие чекори, поминете ја траката со безбоен лак за нокти за да го спречите оштетувањето.
Сега имате нов, сјаен накит кој изгледа многу помодерно од претходно!