Лагите на модната индустрија
Секојдневно сме бомбардирани од реклами со прекрасни жени кои неретко создаваат комплекси. Козметичките и модни индустрии успеваат вешто да манипулираат со нас.
Првите поплаки дојдоа од преслабите манекенки, па тоа ги потикна некои модни куќи да направат линии за нормални жени, сите се сеќаваме на „Dove Real Beauty“ реклмната кампања.
Вистински скандал настана кога Лореал ги тужеше Диор, дека користат вештачки трепки во рекламата со Натали Портман. Овој случај зема огромен размер, така што свесни сме за сите трикови со кои модната индрустрија се служи: вештачки трепки, вештачка коса, силиконски кремови, премогу користење на компјутерски ефекти итн.
Колку и да е револуционерен фотошопот, тој може да ви го сврти грбот. Се започна со желбата ние да изгледаме како девојките од рекламите, да имаме таков кармин, да имаме таква коса. Во реалноста ние добиваме само разочарување.
Со претерано користење на оваа алатка настануваат грешки кои се смешни. Вака жените сфатија дека тие девојки се далеку од совршени и почнаа на рекламите да гледаат со други очи.
Основни начела во модната индустрија се: никогаш не е доволно високо или слабо и кога не можеме да ги натераме да бидат послаби тогаш ајде да ги средиме во Фотошоп.
Погледнете ги овие смешни диспропорции на моделите.
Уште 10 фотографии на следната страна...