Како да го преживеете летото на високи потпетици?

Повеќето жени не можат да им одолеат на високите штикли. Колку и да се неудобни, едноставно не можат без нив. Дали модата и болката мора да одат заедно?

kako-da-go-preziveete-letoto-na-visoki-potpetici-1

Авторот на книгата „Како да одите на високи штикли“ Камила Мортон дава десет интересни совети како ова лето да преживеете „високо“ над земјата.

1. Различноста го разубавува животот – вашиот изглед и обувките нека бидат што поразновидни.

2. Кој вели дека правилата не смеат да се кршат – пробајте бајкерски чизми со црна вратоврска, одлично ќе се сложуваат баш како и високите потпетици.

3. Соблечете ги потпетиците пред да ви падне кожата од петиците.

4. Праксата е драгоцена – пријавете се на час по танцување, играјте со високи потпетици и одењето со нив по извесно време ќе ви биде полесно.

5. И облеката не ја носите се додека не остари, немојте тоа да го правите и со чевлите. Почесто менувајте ги моделите.

kako-da-go-preziveete-letoto-na-visoki-potpetici-2

6. Чевлите мора да ви одговараат, немојте да ги купувате оние во кои што вашите нозе ќе бидат уморни или отечени.

7. Немојте да бидете модна жртва, новите трендови се примамливи, но немојте да заборавите на удобноста на вашите стопала.

8. Заборавете ги необичните решенија на дизајнерите на чевли во кои е невозможно да се оди – освен ако немате добро осигурување.

9. Правило – сакајте ги своите нозе и тие ќе ве сакаат вас, немојте да заборавите.

10. Нема толку добри работи како големиот број чевли. Жените го знаат тоа! Затоа уживајте во новите модели, но немојте да заборавите на спомнатите правила. 

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Наша, а светска: Горјана Кулишевска блеска во едиторијал за модниот магазин Marie Claire Горди сме! Нашата Горјана, позната како Џоја, со својата егзотична убавина си го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg